Honor 50 во јуни беше претставен во Европа и брзо стана голем дел од успехот, на сега самостојниот бренд на кинескиот пазар. Извршниот директор на компанијата тогаш сугерираше дека серијата ќе биде глобално достапна од четвртиот квартал, а сега имаме и поконкретен датум.
Honor 50 ќе биде глобално објавен на 26. октомври, а најпрвин ќе биде достапен на пазарите во Велика Британија и Европската унија. Телефонот, кој го покренува Snapdragon 778G чипсет, подоцна ќе пристигне во Русија, ОАЕ, Латинска Америка и Малезија.
Honor 50 има 6,57-инчен OLED дисплеј со брзина на освежување од 120Hz, главна камера од 108MP на задната страна и селфи камера од 32MP. Работи на Andeoid 11 OS, со Magic UI интерфејс и од самиотт старт ги поддржува Google сервисите.
Гласините од претходно споменуваат дека Honor 50 ќе биде единствениот телефон од серијата кој пристигнува во Европа – достапноста на Honor 50 Pro моделот, со поголем екран и побрзо полнење, не се споменува.