ITOSE Talent program е уникатна програма за вработување и кариерен развој што софтверската компанија Сеавус ја спроведува по шести пат. Преку посетување на наменски креираната талент програма, апликантите се обучуваат да почнат кариера како инженери за ИТ-операции и поддршка. Стекнатото знаење во овој сектор им овозможува долготраен кариерен раст и простор за дополнително развивање на експертско ниво.
„Станува збор за навистина уникатна програма дизајнирана на начин ефективно да се развијат вештините и преку интерактивен пристап да ја поттикне креативноста на апликантите, во самостојно одржување на ИТ системите. Учесниците за многу краток период развиваат знаење и вештини на ниво потребно за самостојно да решаваат проблеми од најразлични технологии и да ги мониторираат системите. Во овој ефект на програмата нè увери и досегашното искуство што го имаме со учесници кои по комплетирање на програмата, својата кариера и развоен пат го продолжиле во нашата компанија“, вели Глигор Добривојевски, Менаџер на технолошката линија за Managed Services од Сеавус.
Програмата ги воведува учесниците во оперативните процеси и во областите основи на ИТ-операции и поддршка според ITIL-стандардизација, основи на оперативните системи Linux и Windows, вовед во Cloud computing, администрирање и одржување на MS SQL или Oracle-серверите, Shell и Powershell-скриптирање и вовед во ИТ-безбедност. Во едукативниот процес, учесниците се водени од ИТ експертите на Сеавус.
Истата се спроведува во период од 5 недели, со осумчасовни предавања што вклучуваат интерактивна и практична настава. Со комплетирање на талент-програмата, апликантите што се истакнале со успехот и се докажале со вештините, ќе имаат можност да станат дел од тимот на Сеавус.
Пријавувањето за програмата е во тек и сите заинтересирани може да се пријават на следниот линк каде се достапни и повеќе информации.