Американската вселенска станица забележа потреси на Марс кои траеја долго и чија силина би се почувствувала на Земјата доколку се случеа на нашата планета.
Еден од потресите беа со јачина од 4,2 степени по Рихтер, а НАСА тврди дека тоа е еден од најголемите и најдолги потреси на Марс забележани од почетокот на мисијата на сондата InSight, која слета на Црвената планета во ноември, 2018.
Потресот траеше подолго од 90 минути. Од НАСА се одушевени што сондата конечно регистрира поголеми потреси. Минатиот месец исто така беа регистрирани два потреси, со јачина од 4.2 и 4.1.
Научниците се уште набљудуваат колку всушност е марс геолошки активен. Сондата користи соларна енергија, а досега се забележани стотина потреси што укажува на тоа дека под површината на Марс би можело да има вулкански активности.
iSight претходно имаше проблеми бидејќи марсовската прашина ги прекри неговите соларни панели, но НАСА со роботска рака на нив фрли песок па така гранулите во комбинација со ветрот ја отстранија прашината.
Извор: Klix.ba