Мала клиничка студија за комбинирана употреба на вакцината на „Астра зенека“ и засилувачка доза „спутник лајт“ против Ковид-19 покажа силен раст на антитела кај повеќето од тестираните, објави денеска Рускиот фонд за директни инвестиции (РДИФ).
Податоците се собрани од 20 луѓе што учествувале во истражувањето на 100 луѓе во Азербејџан, кое почна во февруари, пишува „Ројтерс“.
Учесниците во студијата првин ја примиле вакцината на „Астра зенека“, а 29 дена подоцна трета, засилувачка доза „спутник лајт“, соопшти РДИФ.
„Според резултатите од привремената анализа, четирикратно зголемување на неутрализирачките антитела кон протеинот САРС-КоВ е откриено кај 85 проценти од волонтерите на 57. ден од студијата“, се вели во соопштението.