Во целиот свет, бранот на делта варијантата доведе до зголемување на бројот на заразени со коронавирус. Истата ситуација беше забележана и во болница во Сан Диего, каде докторот Алберт Хсијао, радиолог, ги споредува снимките на вакцинирани и невакцинирани лица.
На прашање на американската телевизија Еј-би-си дали има разлики во клиничката слика кај вакцинирани и невакцинирани луѓе, тој наместо класичен одговор испратил две фотографии. Лево е снимка од белите дробови на вакцинирано лице, а десно на невакцинирано лице.
„Како што можете да видите, разликата помеѓу двете снимки е драстична. На првата снимка е забележливо ова црнило, тоа е воздух во белите дробови, тие се полни со воздух и тоа е добро. На втората слика е белина, како магла. Тоа се белите дробови на невакцинирано лице и тука е видливо како ги оштетува инфекцијата, тоа бело се оштетувања од вирусот, а и самиот вирус“, вели докоторот.
Преку снимките, всушност, може да се види како функционираат вакцините, тие го препознаваат вирусот како туѓо тело и кога некое лице ќе се зарази, веднаш го мобилизираат имунолошкиот систем да се брани. Вакцината го забавува ширењето на вирусот и спречува да се размножи толку многу што станува смртоносен, всушност купува време за вашиот имунолошки систем да може да се бори против ковид, oбјаснува докторот.
„Ако треба да ви се нацрта како функционираат вакцините преку конкретен пример, токму тоа можете да го видите тука“, посочува докторот од Калифорнија.
Поврзани артикли