Во текот на претходниот период имавме информации дека Galaxy S22 Ultra ќе има S Pen слот како Galaxy Note уредите. Сега се појави уште еден извештај што го тврди истото.
Споре информациите следниот премиум смартфон на Samsung ќе има слот за S Pen паметното пенкало, наместо да се става во футрола како кај Galaxy Z Fold3 и Galaxy S21 Ultra моделите.
Ова би овозможило и имплементирање на сензор кој детектира кога S Pen е уфрлен во телефонот или изваден од него и би можел да се подеси да покрене одредени акции.
Иако ова претставува добра вест за фановите на S уредите кои не го добиле новиот Galaxy Note во текот на 2021. година, веројатно сме сведоци на големи измени во стратегијата на Samsung кога се во прашање премиум телефоните.
Galaxy Note 2021 серијата е откажана поради недостиг на чипови, но постојат ветувања дека ќе се врати следната година. Сепак, новите решенија во премиум моделите на Samsung би можеле да означат и крај на Note серијата во иднина.
Поврзани артикли