Американски суд го одобри договорот помеѓу Вашингтон и кинескиот телекомуникациски гигант Huawei, според кој извршната директорка на компанијата ќе може да се врати во Кина, а постапката покрената против неа за „банкарска измама“ ќе биде одложена за крајот на 2022 година.
Судија на федералниот суд во Бруклин го „прифати“ договорот постигнат меѓу Министерството за правда на САД и адвокатот на Менг Ванџу, финансиската директорка на Huawei, која е во домашен притвор во Канада во последните три години и на која САД сакаа да и судат на американско тло.
Против Менг Ванџу беше покренат процес кон крајот на 2018 година поради заговор за извршување банкарска измама. Таа беше приведена во Канада на барање на САД.
Доколку договорот не биде оспорен или раскинат до 1 декември, целата постапка на крајот ќе биде отфрлена. Со прифаќањето на овие услови од договорот, ќе завршат тригодишните судски спорови и тензии меѓу Пекинг, Вашингтон и Отава.
Случајот предизвика меѓународен спор и ги заостри односите на Кина со САД и Канада.
Според договорот, случајот за екстрадиција од Канада најверојатно ќе биде отфрлен и таа ќе може да биде ослободена речиси веднаш.