Се очекува дека Apple наскоро ќе ги претстави новите MacBook Pro лаптопи со екрани од 14 и 16 инчи. Големината од 14 инчи ќе претставува нова опција на дисплеј, а останува да се види дали ќе го замени 13-инчиот модел, додека верзијата од 16 инчи ќе добие надградба.
Сега се појавија повеќе детали за потенцијалните резолуции на екраните на овие лаптопи, благодарение на податоците од macOS Monterey бета.
Според наводите, наведени се две нови опции на дисплеите: 3456 x 2234 Retina и 3024 x 1964 Retina. Бидејќи овие резолуции не се совпаѓаат со ниту еден од постоечките производи на Apple, се сугерира дека се работи за резолуции на претстојните MacBook Pro модели.
Претпоставката е дека резолуцијата 3456 x 2234 Retina му припаѓа на 16-инчниот модел, кој во моментов има 3072 x 1920 дисплеј, додека 13-инчниот MacBook Pro има 2560 x 1600 дисплеј.
Информациите засега се само во доменот на шпекулации и се очекува Apple наскоро да објави повеќе официјални детали за новите MacBook Pro лаптопи.
Поврзани артикли