Разбивање на митовите за вештачката интелигенција за да се унапреди знаењето на граѓаните и да се подигне свеста за придобивките од нејзиното користење во разни општествени области, е целта на денешната онлајн панел дискусија што ја организира Фондација Метаморфозис.
Говорници на панелот наречен Дијалози за Дигитална агенда: Сè што сакавте да знаете за вештачка интелигенција, се очекува да бидат: Бардил Јашари, извршен директор на Фондација за интернет и општество Метаморфозис, Ивана Станковиќ, советничка во Фонд за иновации и технолошки развој и координаторка на работната група за Национална стратегија за вештачка интелигенција, Илија Митров, софтверски инженер и сертифициран практичар во полето на вештачка интелигенција, тренер на Официјалната Академија за вештачка интелигенција во Семос Едукација, Марко Серафимовски, менаџер за интернационален развој на бизнис во Семос Едукација, Христијан Ѓорески, асистент професор за вештачка интелигенција и машинско учење на Факултетот за електротехника и информациски технологии – ФЕИТ и извршен директор на Aidea Lab.
Настанот ќе биде емитуван во живо преку Facebook Live алатката на Facebook профилот на ИЦЕДА мрежата, а се организира во рамки на проектот „Зголемување на граѓанското учество во Дигиталната агенда – ICEDA”, кофинансиран од ЕУ.
Поврзани артикли