HP повторно имплементираше OLED дисплеи во своите најнови Spectre x360 2-in-1 лаптопи, но овојпат нуди поголеми димензии. Новиот HP Spectre x360 пристигнува со опционален 16-инчен, 16:10 4К OLED екран (наспроти минатогодишниот 15,6-инчен панел), нудејќи вистински VESA црни нијанси со 100% калибрација на бои.
Новиот модел има дополнителни 22 мм простор за преглед на содржини во споредба со претходните модели, а истовремено, а истоврмено нуди релативно тенки рамки од сите страни и 91 проценти screen-to-body однос. Лаптопот е достапен и со 3070х1920p IPS екран.
Во врвот на дисплејот се наоѓа 5MP веб камера со физички затворач за приватност и
Windows Hello поддршка. Имплементирани се и HP AI контроли, како и beauty mode, кој го подобрува осветлувањето и другите елементи.
Новиот HP Spectre x360 го покренува Intel Core i7 процесор од 11-та генерација, заедно со Intel Evo рафичка картичка или опционален графички процесор GeForce RTX 3050. Има и 16 GB RAM меморија, 512 GB PCIe NVMe меморија и 32 GB Intel Optane меморија.
Лаптопот е опремен и со четири B&O звучници, има WiFi 6E, читач на MicroSD картички, два Thunderbolt 4 порта со брзина од 40Gbps и USB Power Delivery USB4 Type-C портови, HDMI 2.0b, Bluetooth 5.2 и нуди 17 часа батерија.
HP Spectre x360 2-во-1 лаптопите пристигнуваат во текот на есента по почетна цена од 1.639 долари, додека за OLED 4K моделот ќе биде потребно да се издвојат повеќе пари.