На вработените во Google во САД кои ќе се одлучат да работат од дома, може трајно да им биде намалена платата.
Американската технолошка компанија развила калкулатор за плати кој на вработените им овозможува да го видат учинокот од работата на далечина или со преселба. На некои вработени на далечина, посебно на оние кои патуваат до работа, може да им бидат намалени платите ако не ја сменат адресата, објави BBC.
Работниците во многу компании за време на пандемијата со Koвид-19 докажаа дека е можно и трајно да се работи од дома. Многу компании сега сакаат да испитаат како ќе работат нивните вработени кога ќе се повлече пандемијата. Компаниите од Силиконската долина, од кои повеќето сакаат да ги вратат вработените во канцеларија, експериментираат со структурата на платата.
Големите технолошки компании како Microsoft, Facebook и Twitter, на вработените им понудиле пониски плати на вработените од подрачјата во кои е поевтино за живеење. Но, помалите компании како Ридит и Зилова, објавија дека ќе ја исплаќаат истата плата на своите вработени без разлика каде се наоѓаат, истакнувајќи дека тоа ја подобрува разновидоста.
„Нашите пакети за надохнада секогаш биле одредени според локацијата, а ние секогаш даваме конкурентни плати зависно од тоа од каде работи вработениот. Нашиот нов Work Location Tool е развиен за да им помогне на вработените во донесување на одлука за тоа од каде ќе работат и за влијанието на преселбите или на работата на далечина на нивната плата“ – објавија од Google.