Производителот на локомотиви Wabtec во соработка со Универзитетот Карнеги Мелон ја претстави првата батериска електрична локомотива на светот.
Компанијата со седиште во Питсбург-Пенсилванија тврди дека новата локомотива е „драматично помоќна“ од електричниот автомобил на Tesla и може да помогне во значително намалување на емисиите на јаглерод во веќе релативно „зелениот“ сектор за железнички транспорт.
Батерискиот електричен погон може да се спари со традиционален дизел мотор за да се намали потрошувачката на гориво за повеќе од 11 проценти, што доведува до намалување на емисиите на јаглерод за 11 проценти. Ова одговара на помала потрошувачка од речиси 24.000 литри гориво и 70 тони помала емисија на јаглерод.
Локомотивата наречена FLXdrive, успешно ги помина тестовите во Калифорнија на почетокот на оваа година и ја мина трасата долга 20.920 километри помеѓу Барстоу и Стоктон во период од три месеци. Локомотивата тешка 194.044 килограми користи 18.000 литиум-јонски батерии за да развие до 4.400 КС. Енергетскиот капацитет изнесува 2,4 mWh, а батеријата може да се полни и со регенеративно сопирање.
FLXdrive користи систем на темпомат со AI систем под името Trip Optimizer за оптимизација на енергетската ефикасност. Wabtec веќе ја развива електрична втората генерација батериска локомотива со енергетски капацитет од 7 mWh, која ќе ја намали потрошувачката на гориво и емисијата на јаглерод за до 30 проценти. Таа локомотива ќе има моќност еднаква на 100 Tesla автомобили.