Чест да го направи првото видео ја имал јутјуберот „Mr. JWW“, кој разговарал и со Сирил Рожет, директор за односи со јавност во Michelin
Производителот на гуми, Michelin, работи на гуми отпорни на бушење уште од 2005 година и полека, но сигурно, се приближува до моментот кога неговите пневматици кои не се наполнети со воздух, ќе влезат во сериско производство. Воедно, компанијата првото јавно тестирање на своите нови гуми го направила на електрично возило, Mini Electric.
Овие гуми имаат уникатен состав отпорен на пробивање (UPTIS), благодарение на што имаат и уникатен дизајн и немаат потреба од полнење со воздух. „Uptis“ комбинира алуминиумско тркало и флексибилна носечка структура изработена од пластика засилена со фиберглас (GFRP).
Продажбата се очекува да започне околу 2024 година.
Извор: Додај Гас
Поврзани артикли