AU Optronics неодамна го најави новиот 4К 85-инчен ТВ панел, со стапка на освежување од 240Hz и поддршка за Variable Refresh Rate технологија.
Панелот, според наводите, поддржува HDR, но не се објавени конкретните спецификации. Тука е и поддршката за 96% DCI-P3 спектарот на бои.
Дисплејот поддржува изворни технологии, меѓу кои се и заштитата од отсјај, дизајн со единствена структира на површината. Не е познато кој тип на Variable Refresh Rate технологијата е поддржан.
Панелот се уште не е наведен на сајтот на компанијата AU Optronics, но истакнато е дека ја добил годинашната награда “2021 Ministry of Science and Technology Central Science Park Fine Manufacturer Innovation Product”.
Поврзани артикли