Луѓето кои имаат настинка не можат да бидат заразени со коронавирус, изјави професорот од Руската академија на науките, Петар Чумаков.
– Едно лице не може да се зарази со коронавирус за време на настинка или САРС, истакна рускиот научник.
Тој потврди дека болно лице не може истовремено да се зарази со друг вирус, бидејќи организмот произведува интерферон.
– Интерферонот е антивирусен протеин кој го штити телото од секундарна инфекција, објасни Чумаков.
Истовремено, тој нагласи дека по заздравувањето постои ризик од инфекција со Ковид-19, а бидејќи имунитетот ќе се намали со првата инфекција, коронавирусот може да биде потежок.
Поврзани артикли