По Aero, Aorus и Gaming серијата лаптопи, Gigabyte сега влегува во ултрабук територијата со моделот U4. Gigabyte U4 е само вториот поголем лаптоп што го покренува Intel Tiger Lake Core i7-1195G7 процесор (другиот е MSI Prestige 14 EVO).

Со тежина од само 990 грама, Gigabyte U4 има дебелина од 16,5 милиметри. Лаптопот користи 14-инчен FHD дисплеј, со 83% screen-to-body сооднос 100% sRGB спектар покриеност на бои. Gigabyte истакнува дека шарката на лаптопот може да се ротира за 180 степени. Покрај тоа, лаптопот има MIL-STD 810G стандард за издржливост во различни средини.

Споменатиот процесор Core i7-1195G7 нуди turbo boost до 5GHz за едно јадро. Со процесорот пристигнува и DDR4-3200 RAM меморија (стандардно 8 GB, и можно е да инсталира до 64 GB меморија). Тука се и два M.2 PCIe NVMe слота, со поддршка за Gen 4 брзини.

gig2_1.png

Gigabyte U4 ултрабук моделот е опремен со голем број портови, а содржи: 1x USB 3.2 Gen1 (тип-А), 1x USB 3.2 Gen2 (тип-А), 1x Thunderbolt 4, 1x HDMI 2.0 (со HDCP), комбиниран конектор за звук и слот за microSD картички. За мрежна поврзаност се користи Intel AX201 WLAN картичката со Bluetooth 5.2.

Иако спецификациите делуваат солидно, батеријата може да биде тесно грло за овој уред. Со капацитет од само 36Wh и времетраење од околу осум часа со едно полнење, капацитетот на батеријата е секако една од полошите карактеристики на ултрабукот. Gigabyte не ја објави достапноста и цената на U4 моделот.