Xiaomi Mi 10T серијата е претставена пред околу една година, како премиум семејство теелфони за втората половина на 2020. година. Оваа гоидна, кинескиот производител со иста тактика ја објавува 11T серијаа, која ги претстави и првите премиум модели на Xiaomi без Mi во името.
Во рамките на годинашната Xiaomi 11T линија, претставени се три модели: стандардниот 11T, 11T Pro и 11T Lite 5G NE. Заедничко за сите три смартфони е поддршката за NFC, IR бластер, сензор за отпечатоци од прсти од страна на рамката, Wi-Fi 6, Bluetooth 5.2 и MIUI 12.5 заснован на Android 11.
Стандардниот Xiaomi 11T и 11T Pro модел се телефони од премиум сегментот и делат голем број заеднички карактеристики. Двата модела имаат 6,67-инчен 120Hz OLED панел со FHD+ резолуција, и ист систем со три камери на задната страна (108MP главна, 8MP ултра широка и 5MP телемакро). Тука е и батеријата од 5000mAh, селфи камера од 16MP во дупката. Присутни се и два звучника, Wi-Fi 6 и Bluetooth 5.2.
Двата модела се разликуваат во областа на чиповите, така што 11T Pro користи Snapdragon 888 чипсет додека стандардниот 11T има Dimensity 1200 Ultra чип. Pro телефонот има и поддршка за брзо полнење од 120W преку кабел, во споредба со 67W за стандардниот модел, а телефоните се полнат до врв за 17 и 36 минути. Не постои поддршка за безжично полнење.
Xiaomi 11T Lite 5G NE е модел од средниот сегмент, а го покренува Snapdragon 778G чипсет. Тука е 6.55-инчниот 90Hz OLED панел со FHD+ резолуција, 4250mAh батерија со поддршка за 33W брзо полнење. На задната страна на уредот се наоѓаат 64MP главна камера, 8MP ултраширока и 5MP телемакро сензор.
Xiaomi 11T Pro е наскап модел во оваа понуда и има почетна цена од 649 евра за 8GB/128GB модел, 699 евра за 8GB/256GB модел и 749 евра за 8GB/256GB модел. Стандардниот 11T има почетна цена од 499 евра зa 8GB/128GB модел и 549 евра за 8GB/256GB верзијата. Mi 11 Lite 5G чини 369 евра за 6GB/128GB модел, а ќе постојат и 8GB/128GB и 8GB/256GB варијанти.