SpaceX на Елон Маск рано утрово, во 02:00 ч. по македонско време, успешно ги лансираше првите свои четворица вселенски туристи – највисоко во Земјината Орбита. Тие три дена ќе престојуваат во Вселената.
Според западни медиуми, овојпат SpaceX цели на околу 575 километри над Земјата, повисоко и од Меѓународната вселенска станица (МВС).
Liftoff of @Inspiration4X! Go Falcon 9! Go Dragon! pic.twitter.com/NhRXkD4IWg
— SpaceX (@SpaceX) September 16, 2021
Летот е изнајмен од американскиот милијардер Џеред Ајзекмен – 38-годишниот основач и извршен директор на „Шифт-4 пејмент“ и искусен пилот. Со него се и Наставничката Сијан Проктор (51), Хејли Арсено (29-годишна излечена од рак) и инженерот Крис Семброски (42). Точната сума за летот, не е објавена, но се претпоставува дека станува збор за десетици милиони долари.
Main engine cutoff and stage separation confirmed. Second stage engine burn underway pic.twitter.com/ihYA8ELUVA
— SpaceX (@SpaceX) September 16, 2021
Ракетата Falcon 9 со вселенска капсула Crew Dragon полета од американскиот космодром Кејп Канаверал при Вселенскиот центар „Кенеди“ на Флорида.
View from Dragon’s cupola pic.twitter.com/Z2qwKZR2lK
— SpaceX (@SpaceX) September 16, 2021
SpaceX досега повеќепати превезува астронаути на МВС за американската вселенска агенција – NASA. Ова е прв лет на SpaceX со цивили. Компанијата на Eлон Маск со ова влегува во борбата за својот „дел од колачот“ наречен „вселенски туризам“.