Киселините во желудникот можат да бидат предизвикани од повеќе фактори. Најчеста причина за создавање на ова непријатно чувство во стомакот е нездравиот начин на живот и лошата исхрана.

Доколку често се соочувате со овој проблем обидете се да ги исфрлите или пак да ги сведете на минимум следните намирници:

1. Зачинета и пржена храна

Зачинетата храна може лесно да предизвика киселини и се наведува како една од поглавните причини за тоа. Веднаш зад неа е пржената храна.

2. Чоколадо

Чоколадото е богато со масти, кофеин и какао. Овие три состојки се главните причини за создавање киселина во желудникот.

3. Газирани пијалаци

Содата може да ви помогне да го олесните варењето на храната по обилно јадење. Меѓутоа, меурчињата од газираните пијалаци се шират во желудникот, а тоа го зголемува притисокот и доведува до киселини.

4. Месо

Високото ниво на трансмасти во црвеното месо може да биде лошо по системот за варење на храната. Наместо масно месо, бирајте пилешко, мисиркино или пак риба.

5. Сирење

Полномасното сирење и путерот можат да поттикнат создавање на киселини во желудникот.

6. Алкохол

Пивото и виното спаѓаат во кисели пијалаци кои создаваат непријатност во стомакот.

7. Кафе

Една шолја кафе може да ја намали главоболката. Меѓутоа, тоа е богато со кофеин, а кофеинот е еден од главните причини за создавање на киселини, особено доколку пиете кафе на празен стомак.