Тројца кинески астронаути – Ни Хаишенг, Љу Боминг и Танг Хонгбо започнаа со враќање на Земјата од вселенската станица Tiangong, која е во изградба.
Вселенското летало Shenzhou-12 („Волшебен брод“) со астронаутите се одвои од главниот модул на станицата Tianhe во пресрет на неговото враќање, објавија кинеските државни медиуми.
Државната телевизија CGTN објави за последниот ден пред официјалната мисија за слетување, што укажува дека се очекува астронаутите да се вратат на Земјата утре. Капсулата треба да слета во Внатрешна Монголија, во северна Кина.
Екипата за пребарување и спасување е подготвена. Сепак, времето на враќање не е официјално објавено. Кинеските астронаути поминаа околу три месеци во вселената, што е најдолгата кинеска вселенска мисија досега.
Лансирањето на ракетата со дополнителен товар за новата вселенска станица беше подготвено денеска на вселенското пристаниште Венчанг на јужниот кинески остров Хаинан. Новиот екипаж ќе лета до вселенската станица во следните неколку недели, чие завршување е закажано за крајот на 2022 година. Кина планира вселенски мисии во наредните децении.
Извор: Index.hr