Nintendo Switch конзолата се продава одлично од објавувањето, со 89 милиони продадени приомероци досега. Можно е и продажбата значително да се забрза благодарение на потенцијалното намалување.

Неколку извори неодамна открија дека Nintendo планира трајно намалување на цената на стандардниот Switch модел, како и дека ќе се случи на 13 септември, според play.co.rs.

Моделот на Nintendo Switch од 2019 година, би можел да биде намален на дури 250 евра, бидејќи по таа цена се појави кај еден француски дистрибутер на гејминг опрема. Од друга страна, листинзите за овој модел укажуваат дека цената би можела да се намали од сегашните 330 евра на 270.

Од друга страна, се шпекулира дека моделот Switch Lite би можел да биде намален на 220 евра, па потенцијално и на помалку, што ќе го направи уредот уште попривлечен.

Во секој случај, ова ќе биде значително намалување на цената на Nintendo Switch и на многумина ќе им го олесни изборот, бидејќи досегашната цена беше малку потешка за паричниците.