Ова за некого ќе звучи како стара вест, а некои од возбудата нема да може да ја дочекаат првата копија на патиштата.
Во секој случај, факт е дека Apple веројатно не ни претпоставувале дека развојот на автомобили ќе стане толку долг процес. Да потсетиме, првите вести за развојот на автомобили во Apple протекоа во јавноста пред нешто повеќе од шест години. Apple брзо се соочи со голем број проблеми и се обиде да ги реши проблемите во соработка со некои производители на автомобили, од Hyundai преку Magna до Toyota. На крајот, сепак, се откажаа од се` и го распуштија својот оддел за развој на автомобили.
И токму кога се мислеше дека оваа неславна приказна заврши, се случи пресврт. Некои медиуми од Јужна Кореја пренесуваат дека Apple го оживеа одделот и започнале со развој на автомобили. И верувале или не, одлучиле да се потпрат само на сопствена сила.
Идејата е иста, а тоа е да се произведе електричен автомобил опремен со систем за автономно возење. Проектот за развој треба да заврши во следните четири години, а производството треба да достигне до 1,5 милиони примероци годишно до 2030 година.
Поврзани артикли