Oppo во мај ја претстави Reno6 серијата, додека во јули објави 4G модел. Сега компанијата ја објави речиис целосната серија за Европа, вклучувајќи го и најмоќниот модел.
Oppo Reno6 Pro 5G е модел кој во Кина е познат како Pro+ и пристигнува со Snapdragon 870 чипсет и 50MP главна камера. Смартфонот во Европа има цена од 800 евра и пристигнува со 12GB RAM и 256GB простор за складирање. Достапни бои се Arctic Blue и Lunar Grey.
Oppo Reno6 5G го покренува Dimensity 900 чипсет, 6.43-инчен AMOLED екран и 64MP главна камера. Овој модел е достапен по цена од 500 евра за конфигурација со 8GB RAM-и 128GB складирање, во Arctic Blue и Stellar Black бои.
Oppo Reno6 5G и Pro 5G ќе бидат достапни од различните продавачи, вклучувајќи ги Amazon, Boulanger, MediaMarkt и други, како и преку провајдерите на телекомуникациски услуги.
На крајот, Oppo Reno6 4G се очекува наскоро, но за овој модел не е објавена цената и конкретниот датум на објава.