Apple ќе им дозволи на корисниците како што се Spotify и Netflix да ги насочуваат корисниците на своите веб-страници поради плаќање, овозможувајќи им полесно да ги избегнат надоместоците што ги наплатува App Store.
Најновата отстапка од производителот на iPhone во долгогодишната борба со програмерите на апликации е одговор на истрагата што ја започна Јапонската комисија за фер трговија, пишува CNN.
Ажурирањето кое ќе стапи на сила на почетокот на 2022 година, а ќе се применува низ целиот свет, ќе им го овозможи на програмеирте она што Apple го нарекува апликациите за „читање“ да вметнат линк до надворешните веб-страници и ќе им овозможат на луѓето да поставуваат или управуваат со нивните сметки.
Таквите апликации обезбедуваат однапред купена содржина или претплати на списанија, весници, книги, аудио, музика и видео, според Apple. Amazon Video и Kindle, исто така, често се наведуваат како примери за такви апликации.
Spotify и Netflix некогаш им дозволуваа на корисниците да ги плаќаат услугите во рамките на апликацијата, но оттогаш го прекинаа тој облик на наплата за новите членови, поради спорот со Apple во врска со големата провизија што ја наплатува.
На пример, преземањето на апликацијата Netflix ќе ви овозможи да се најавите, но само ако имате постоечка сметка. Апликацијата инаку ви вели „придружете се и вратете се“ откако ќе отворите сметка.