Новиот извештај, кој доаѓа од сигурен извор, тврди дека може да има проблеми во производството на Apple Watch Series 7 паметните часовници, што може да доведе до одложување на нивната објава.
Причината за овие проблеми е веројатно новиот, поголем дисплеј. Кога се појавуваат проблеми со производството, постојат неколку можни исходи – објавата на производот се одложува, датумот на пласирање на пазарот се поместува или уредот станува достапен во ограничени количини.
Марк Гурман од Bloomberg верува дека различен исход ќе биде применет поинаков исход со Apple Watch Series 7. Првите модели од новата серија паметни часовници се очекува да почнат да се испорачуваат подоцна, најверојатно од октомври. Тука е и можноста на одложување само на оние Apple Watch модели кои се засегнати од проблемот, додека останатите би биле испорачани н време.
Гурман не верува дека Apple ќе го одложи претставувањето на Watch Series 7 часовниците и се очекува дека ќе бидат објавено во текот на септември, заедно со iPhone 13 линијата.