Компанијата Hanson во 2016 година го воодушеви светот со претставувањето на роботот Софија. Сега истата компанија со седиште во Хонгконг го претстави својот најнов изум – хуманоидниот робот Грејс од кој се очекува да направи револуција во медицината.
Грејс е дизајнирана да им помага на лекарите, опремена е со сензори, има термална камера за детекција на пулс кај пациентите и температура кои им помагаат на лекарите да дијагностицираат некоја болест и да го пружат соодветниот третман.
Таа е специјализирана да се грижи за старите луѓе. Говори три јазици: англиски, мандарински и кантонски.
„Роботите како Грејс се наменети да им бидат поддршка на здравствените работници, а не да ги заменат“, вели основачот и извршен директор на Hanson Robotics, Дејвид Хансон.
Hanson Robotics вели дека ќе започне со масовно производство на роботи, вклучувајќи ги и Софија и Грејс, кон крајот на 2021 година.
Извор: Klix.ba