Го испраќаме летото со кино под отворено небо на повеќе локации низ Скопје, и тоа: населбите Илинден, Драчево, Влае, Карпош, Ченто и Ѓорче Петров
Програма и распоред во продолжение:
9 септември (четврток) | локација: Дом на култура, населба Илинден
20:00 | „The Specials“ („Посебни“), режија: Olivier Nakache
10 септември (петок) | локација: Три Круши, населба Драчево
20:00 | „The Whistlers“ („Свиркачите“), режија: Corneliu Porumboiu
11 септември (сабота) | локација: парк Ѓорче Петров
20:00 | „The Beach Bum“ („Скитникот од плажата“), режија: Harmony Korine
12 септември (недела) | локација: Дом на култура „11 октомври“, населба Ченто
20:00 | „Bye Bye Morons” („Збогум морони“), режија: Albert Dupontel
18 септември (сабота) | локација: парк кај маркет Тинекс, населба Карпош 3
20:00 | „Spy cat“ („Светот на Марни“), режија: Christoph Lauenstein
(синхронизиран на македонски јазик)
19 септември (недела) | локација: Влае плоштад
20:00 | „Terra Willy“ („Тера Вили“), режија: Eric Tosti
(синхронизиран на македонски јазик)
* Проекциите се бесплатни, ќе се реализираат по принципот прв дојден – прв услужен.
* Настаните ќе се реализираат согласно актуелните протоколи и мерки за организирање настани во отворен простор.
* Во случај на дожд, проекциите ќе бидат презакажани, ве молиме следете нѐ за ги дознаете сите информации навреме.
Поврзани артикли