Неодамнешните извештаи сугерираа дека Huawei ќе го претстави првиот телефон од Nova 9 серијата подоцна овој месец. Сега компанијата официјално потврди дека Nova 9 серијата ќе биде претставена на 23. септември во Кина.
Официјалниот постер открива дека претстојниот уред ќе има овален камера модул, со два прстени на задната страна. Во горниот прстен е сместена главната камера, додека под дополнителната камера е LED блицот.
Задниот панел го има Nova брендирањето. Десно од рамката се наоѓаат копчињата за вклучување и јачина на звук. Постерот потврдува дека телефонот пристигнува со преинсталиран Harmony OS.
Претходно, на TENAA листингот се појави и телефонот Huawei RTE-AL00, за кој се верува дека е модел од Nova 9 линијата. Листингот открива OLED панел и две предни камери, а може да има и сензор за отпечатоци од прст во екранот.
RTE-AL00 Huawei телефонот е 4G LTE уред, ќе има поддршка за 66W брзо полнење, а се верува дека ќе го покренува Snapdragon 778G чипсет во 4G варијанта.