Една од главните задачи на роверот на NASA, Perseverance“ е да бара докази за постоење на живот на Марс во минатото. Некои од овие докази се скриени во карпите, а механички истражувач сега го зеде првиот примерок.
Perseverance штотуку започна да ја истражува околината на кратерот Језеро, каде што слета пред неколку месеци. Научниците на Земјата идентификуваа камен со големина на голем куфер од кој роверот зеде примерок со специјална бушилка.
Роверот е опремен со бројни инструменти кои им помагаат на експертите на Земјата да забележат одредени карпи и делови од теренот, кои се од посебно значење за мисијата.
Земање на примероци е веќе пробано на 11. август на друга карпа, но без успех.
„Успеавме да го собереме првиот примерок и тоа е големо достигнување. Го правиме она што не натера да стигнеме на Марс”, рече Џенифер Троспер, проект менаџер во лабораторијата за млазен погон на NASA.
Voila – a window into this rock we call “Rochette.” I ground away its outer surface to see what it’s like inside. I’ll study this spot with various tools, to help decide whether to go for a sample with my coring drill. #SamplingMars https://t.co/jQN5AK1EBl pic.twitter.com/8rmbeYj4Db
— NASA's Perseverance Mars Rover (@NASAPersevere) August 28, 2021
Ќе помине многу време пред примероците што ги собира „Perseverance“ за да стигнат до Земјата. Ако се биде добро, роверот ќе пристигне на нашата планета со товар во 2031 година.
Дали веќе го контаминиравме Марс?
NASA го избра кратерското Језеро за слетување на Perseverance, бидејќи од претходните истражувања, се верува дека таа област некогаш била под вода и на нејзино место се наоѓа античка делта на реката.
Кратерското Језеро зборува за некогаш влажното минато на Марс. Пред повеќе од 3,5 милијарди години, река се влеала во кратерот и создала езеро.
Научниците утврдиле дека водата внела глина и минерали од околината во кратерот. Следствено, животот на микробиолошко ниво можел да еволуира во Језеро, и пронаоѓањето на тие индиции ќе биде главната задача на роверот.
Кратерот е именуван по општината Језеро недалеку од Мркоњиќ Град, а името е избрано затоа што на многу словенски јазици опишува природна депресија или депресија исполнета со вода.
Извор: B92.net
Поврзани артикли