Првиoт обид на приватната компанија Firefly Aerospace да лансира ракета во орбитата заврши со експлозија.
Ракета наречена Alpha експлодирала неколку минути по лансирањето.
„Alpha забележа аномалија во првата фаза од лансирањето, што резултираше со губење на ракетата“, објави компанијата на Twitter.
На снимката се гледа како ракетата експлодира две и пол минути по лансирањето од Калифорнија.
Претходниот обид за лансирање беше прекинат само неколку секунди пред лансирањето од необјаснети технички причини, пренесува Sky News.
Пред да експлодира, на ракетата ѝ требаше двојно повеќе време за да ја достигне брзината на звукот од очекуваното.
Alpha требаше да ја достигне брзината на звукот 67 секунди по лансирањето, но ја достигна дури за 140 секунди. Експлодира 10 секунди подоцна.