Најдобрата понуда во мобилната телефонија со неверојатни 100GB мобилен интернет месечно, богато конвергентно портфолио, најсовремени телефони и супериорна услуга на најбрзата мобилна мрежа се само дел од поволностите што ги добиваат корисниците на А1 Македонија во септемвриската промоција.
А1 Македонија со гордост ја одбележува втората година од воведувањето на А1 брендот на македонскиот пазар со приматот – најголем мобилен операторсо најбрз мобилен интернет и со најголем број корисници во мобилната телефонија, потврдено со извештајот од Агенцијата за електронски комуникации.
Во овој период А1 Македонија ги реализираше и продолжува да ги реализира ветувањата кон корисниците за слободна и неограничена комуникација преку најсовремена мрежа и да ги креира најдобрите понуди за мобилни и фиксни услуги како и нивна комбинација во конвергентни услуги кои овозможуваат мобилни и интернет услугии телевизија на фиксна локација и тоа по најповолни услови.
Инвестициите од над 30 милиони евра насочени во изградба на сопствена најсовремена мобилна мрежа на корисниците им овозможуваат најбрз, квалитетен и стабилен пренос на податоци, како и најсовремена мобилна комуникација и повици соултра висок HD квалитет. Понатаму, постојаното вложување во проширувањето на фиксната мрежа за интернет и телевизија овозможува пристап преку кабелска и оптичка мрежа до над 270 илјади домаќинства со супербрз стабилен интернет и најквалитетна телевизија на пазарот со интерактивни функционалности.
“Изминатите две години за А1 брендот значеа постојан раст, период кој иако исполнет со бројни предизвици, стана синоним за технолошки развој во кој постојано ја предизвикуваме иднината со посветено креирање најдобри производи и услуги кои на корисниците им овозможуваат повеќе вредности и тоа со најповолни услови. Посветеноста кон постојано градење доверба со нашите корисници го докажуваме со континуирана надградба на сопствената мрежа што резултира со стабилна и најбрза мобилна интернет конекција, неопходна во секојдневната комуникација и поттикнување на дигиталниот начин на живеење.”, изјави Методија Мирчев, Извршен директор на А1 Македонија.
Оттука, септемвриската промоција А1 Македонија ги пресретнува потребите за брза и неограничена комуникација и за прв пат на македонскиот пазар корисниците добиваат неверојатни 100GB мобилен интернет месечно во тарифниот модел A1 Neo M+ кој доколку не се потроши се зачувува и понатаму може да се размени за дополнителни бенефити преку апликацијата Мојот А1. Дополнително, корисниците може да одберат смарт- телефон по одлична цена, како на пример, Samsung Galaxy A12 по цена од 189 ден./месечно или Xiaomi Redmi 9T по цена од 149 ден./месечно.
А1 го збогати и A1 Combo портфолиото кое нуди единствена флексибилност на интернет, телевизија и мобилни услуги со можност за креирање на ТВ програмската шема. A1 Combo корисниците секогаш добиваат и дополнителна субвенција за набавка на уред. Така, со најпопуларната комбинација A1 Net M + TV M со две мобилни линии A1 Neo M+ корисникот добива можност да одбере 4K HDR, Xiaomi 4S 43’’ телевизор со андроид оперативен систем за 0 денари.
„Нашето големо А1 семејство кое брои над милион корисници е модерно и динамично, секогаш подготвено за предизвици и да живее нови искуства. Горди сме што и овојпат придонесуваме за непречена комуникација на секој поединечно и за целото семејство. Продолжуваме понатаму со засилена динамика, иновативност и посветеност уште поинтензивно да ја обликуваме сегашноста и да ја предизвикаме иднината со најсовремени дигитални решенија кои ги ставаме на располагање на нашите корисници.“, потенцира Методија Мирчев, Извршен директор на А1 Македонија.
Поврзани артикли