Vivo претходно објави дека ќе ја претстави својата Vivo X70 серија телефони на 9 септември во Кина. Сега компанијата дополнително потврди дека глобалната објава на оваа серија ќе биде одржана на 10 септември.
Иако официјалната веб-страница за X70 не открива дополнителни информации, освен дизајнот на телефонот и примероците од фотографии, знаеме дека уредите ќе бидат достапни во најмалку три модели: Vivo X70, X70 Pro и X70 Pro +.
Врз основа на претходните извештаи, Vivo X70 и X70 Pro се очекуваат со осумјадрен MediaTek Dimensity 1200 чипсет, додека X70 Pro+ ќе користи премиум чипсет Snapdragon 888.
Vivo X70 Pro+ вообичано се очекува со револуционерен систем за камери, а ќе има четири камери на задната страна. Се очекува 50MP Samsung GN1 главен сензор, 48MP Sony IMX598 ултраширок со гимбал стабилизација, 12MP Sony IMX663 телефото и 8MP OmniVision OV08A10 перископ зум сензор.
Vivo ќе користи Zeiss оптика за камери кај Vivo X70 Pro+, а се очекува и дека овој телефон да го има V1 Image Signal Processing (ISP) чипот на компанијата.
Во областа на софтверот, Vivo X70 серијата телефони ќе биде првата која на глобалниот пазар ќе пристигне со OriginOS кориснички интерфејс од самиот старт.