Компанијата Samsung претстави неколку нови големини за некои од своите премиум телевизори. Ова ќе овозможи поширок опсег на имплементирање а на овие телевизори во домашните системи, како и за некои други намени.
Така, Neo QLED 4K QN90A серијата сега е достапна во максимална големина од 98 инчи (85 инчи беше претходниот максимум), а тука се и помалите модели од 43 инчи и 50 инчи.
Претставени се и дополнителни големини за Lifestyle сетовите. Frame сега е достапен во големина од 85 инчи, за љубителите на уметнички дела со голем формат. Исто така, The Terrace Full Sun сега може да се најде во верзија од 65 инчи.
Компанијата не ги објави комплетните цени на сите нови телевизори, но знаеме дека 50-инчниот QN90A моментно може да се нарача по цена од 1.400 долари (нормалната цена е 1.500 долари), додека 65-инчниот The Terrace Full Sun е достапен за 10.000 долари.