Студија која била спроведена неодамна и објавена во списанието „The Lancet“ открила дека речиси половина од хоспитализираните пациенти кои имале Ковид-19 имаат барем по еден долготраен симптом, при што краткиот здив и заморот траеле и до една година.
Студијата открила дека овие два симптоми кои траеле најдолго ги имала речиси секоја трета личност заболена од Ковид-19.
Во студијата биле опфатени 1,276 пациенти во Вухан, а се докажало дека поголем дел од симптомите на коронавирусот се провлекувале во текот на една цела година.
„Иако поголем дел од луѓето закрепнале, срцевите проблеми останале присутни кај некои од пациентите, особено кај оние кои биле во критична состојба“, изјавил истражувачот Бин Цао.
„Нашето истражување сугерира дека закрепнувањето кај некои од пациентите ќе трае и подолго од една година, а тоа треба да се земе предвид кога ќе се носат плановите поврзани со здравствениот хаос по пандемијата“, додал тој.
Истражувачите ги набљудувале испитаниците во текот на 12 месеци за да би можеле да направат долготрајни прегледи и проверки. Испитаниците имале здравствени прегледи шест и дванаесет месеци откако кај нив биле појавени првите симптоми.
Поголем дел од симптомите исчезнале по одредено време, без оглед на тоа колку инфекцијата била сериозна.
Уште еден симптом којшто пациентите често го пријавувале во текот на шест месеци е болка во мускулите, пренесува „Times of India“. Една третина од луѓето пријавиле и краток здив по 12 месеци од прележување на инфекцијата.
Студијата покажала дека жените во поголема мера пријавувала замор, слабост во мускулите, анксиозност, депресија и оштетување на белите дробови.
Извор: n1info.com