Американската компанија Boeing во текот на официјалната церемонија ги претстави најнапредните борбени авиони F-15 кои ги произведе за воздухопловните сили на Катар.
Авионите беа претставени во фабриката во Сент Луис во Мисури и се нарекуваат F-15QA Ababil. Името е избрано во чест на легендарниот заштитник на птици.
Boeing доби договор за производство на авионите F-15QA во 2017 година кој вреди 6,2 милијарди долари. Според тој договор, 36 авиони ќе му бидат испорачани на Катар, а испораките ќе започнат годинава. Сѐ уште не е познато колку авиони ќе се испорачуваат годишно, но обуката на пилотите веќе започна уште пред да бидат доставени авионите.
Максималната брзина на борбениот авион F15QA е 3.017 km/h, а може да се искачи на максимална височина од 21.336 метри. Авионот може да носи 13.154 килограми оружје, 12 проектили воздух-воздух или 24 проектили воздух-земја.
За американските воздухопловни сили Boeing го произведува борбениот авион F-15 EX.
Извор: Klix.ba