Природниот имунитет кој се развива по инфекцијата на коронавирусот нуди значително подобра заштита од делта варијантата на коронавирусот од две дози на вакцината „Фајзер“, покажало едно израелско истражување.
Студијата анализирала податоци од израелската здравствена служба Макаби, а ја спровеле истражувачи од Макави и Универзитетот во Тел Авив.
Според магазинот „Science“, студијата открила дека „никогаш заразените луѓе со коронавирус кои биле вакцинирани во јануари и февруари во месец јуни и јули и првата половина од месец август имале шест до тринаесет пати поголема веројатност да се заразат отколку невакцинираните луѓе кои претходно биле заразени со коронавирусот.
Значи, ризикот од развојот на симптоматски Ковид-19 бил 27 пати повисок кај вакцинираните, а ризикот од хоспитализација осум пати поголем, пренесува „Israelnationalnews“.
„Оваа анализа покажува дека природниот имунитет дава долготрајна и помоќна заштита од инфекцијата, симптоматски болести и хоспиталицазија поради делта варијантата на Ковид-19, во споредба со имунизацијата со две дози на вакцината Фајзер“, напишале авторите на студијата.
Меѓутоа, тие додале и дека некои поединци кои претходно биле заразени со Ковид-19 и примиле една доза од вакцината Фајзер стекнале дополнителна заштита од делта варијантата на Ковид-19.
„Долготрајната заштита која ја дава третата доза неодамна примена во Израел сè уште е непозната“, заклучиле авторите на студијата.