Веќе извесни време е познато дека Google му плаќа големи суми пари на Apple секоја година со цел да го одржи статусот на стандарден пребарувач на iPhone, iPad и Mac уредите. Сега извештајот на аналитичарите на Бернштајн сугерира дека исплатата на Google кон Apple ќе достигне 15 милијарди долари (во споредба со 10 милијарди долари во 2020 година).
Во својот извештај, аналитичарите на Бернштајн предвидуваат и дека оваа исплата од Google ќе се зголеми од 15 милијарди долари оваа година на 18 милијарди во текот на 2022 година. Се посочува дека Google е подготвен за толкава исплата со цел да осигура дека Microsoft не го надминува во тоа.
Аналитичарите истовремено укажуваат и на потенцијалните ризици од овој договор, вклучувајќи ги и регулаторните ризици или ситуацијата кога Google едноставно одлучи дека договорот повеќе не е профитабилен.
Apple во текот на годините беше на мета на критики поради тоа што го задржуваше Google како стандарден пребарувач на своите уреди. Претходно, Џејн Хорват, виш директор на Apple за глобална приватност, истакна дека Google е најпопуларниот пребарувач и дека Apple го поддржува Google, но од неодамна има и вградена поддршка за DuckDuckGo и Ecosia.
Поврзани артикли