Тајванскиот производител на чипови TSMC ќе ги зголеми цените на чиповите за 10 до 20 проценти, објави американскиот бизнис весник Wall Street Journal, повикувајќи се на информирани извори.
Најголемиот светски производител на чипови планира да ги зголеми цените на најсофистицираните чипови за околу 10 проценти, додека стандардните, што ги користат клиентите како производителите на автомобили, ќе се зголемат за околу 20 проценти, наведува весникот.
Повисоките цени ќе стапат на сила во повеќето случаи подоцна оваа или следната година, објави WSJ, што треба да значи повисоки цени и за купувачите на електронски уреди. TSMC не одговори веднаш на барањето на Ројтерс да го коментира извештајот на WSJ.
Недостатокот на полупроводнички чипови ја попречува индустријата ширум светот, така што производителите на автомобили го намалија производството, а производителите на електронски уреди се борат да ја следат високата побарувачка за телефони, телевизори и конзоли, поттикнати од пандемијата на Kовид-19.
Тајванската компанија во јули објави дека недостатокот на чипови за автомобили постепено ќе се намалува во третиот квартал, така што неговите клиенти ќе дишат полесно, додавајќи дека, сепак, ограничените производствени капацитети може да предизвикаат проблеми и следната година.
Тајван ги вложува сите напори да го реши проблемот со недостаток во светот, изјави во вторникот министерот за економија Ванг Меи-хуа по разговорите со новоименуваниот американски амбасадор во Тајпеј.
Извор: B92.net