Компанијата BtoBet, која е еден од светските лидери и провајдери на технологии за спортско обложување и казино која е дел од Aspire Global потпиша стратешко партнерство со наградуваниот e-sports оператор Luckbox. BtoBet ќе му ја обезбеди на Luckbox својата најсовремена платформа за спортско обложување во повеќе јурисдикции, вклучувајќи ги Европа и Латинска Америка.

Широките можности за диференцијација што ги нуди Neuron платформата на BtoBet ќе му овозможат на Luckbox да изгради целосно врвно играчко искуство преку прилагодување на спортското обложување по желба на играчите носејќи го играчкото искуство на едно ново, повисоко ниво.

Luckbox од друга страна, нуди длабока покриеност на е-sports настани за обложување, преноси во живо и статистикi за сите главни е-спортови и спортови на десктоп и мобилните уреди. На играчите им нуди единствено, широко и беспрекорно искуство на обложување во Counter-Strike: Global Offensive, Dota 2 и League of Legends. Luckbox им служи на е-спорт фановите во бројни земји, и во ноември 2020 година, компанијата беше прогласена за ѕвезда во подем на EGR Operator наградите. Матичната компанија Real Luck Group котира на берзите во Канада (TSXV: LUCK) и САД (OTCQB: LUKEF).

Томас Росандер, извршен директор на Real Luck Group, рече: „Воодушевени сме од ова партнерство кое ни дава предуслови да создадеме прилагодено, извонредно играчко искуство низ сите канали. Во нашата потрагата по нов провајдер за спортско обложување, баравме врвно решение за обложување и можности да се прошириме во нови области. Ги најдовме овие клучни силни страни во комбинацијата на BtoBet и Aspire Global“.

Тсачи Маимон, извршен директор на Aspire Global, изјави: „Ова партнерство е уште еден доказ за силата на водечкота платформа за спортско обложување на BtoBet. Возбудени сме што ќе соработуваме со Luckbox и да го поддржиме во неговата миграција од претходниот провајдер на спортско обложување. Со нетрпение очекуваме заедно да ја развиеме понудата на Luckbox и да го поддржиме во понатамошното зајакнување на неговата позиција како водечка, глобална iGaming  компанија“.

За BtoBet

BtoBet е мултинационална компанија со 20 годишно искуство во развојот на софтвер во ИТ, телекомуникации, е-трговија и банкарство, силно посветена на технологијата и широко инвестирајќиво технолошките истражувања и развој. BtoBet го презема водечкиот снабдувач на iGaming, Aspire Global во септември 2020 година. Неговата платформа Neuron 3 е усогласена со Велика Британија, Полска, Колумбија, Аргентина, Мексико, Венецуела, Јамајка, Нигерија, Кенија, Руанда, Мадагаскар, Сенегал, Гана, Конго Бразавил, Сиера Леоне, Замбија, Демократска Република Конго, Чад, Мозамбик, Танзанија, Гвинеја, Намибија, Ангола. Платформата за спортско обложување им е достапна на операторите и преку Aspire Global во низа европски јурисдикции, вклучувајќи ги Ирска, Шведска, Португалија, Данска, Малта, Германија, Холандија, Италија и Шпанија. Искуството стекнато во прв план во овие напредни средини, споредено со поновата индустрија за обложување, му овозможува на BtoBet да биде визионер со длабоко разбирање на барањата на пазарот, следејќи ги променливите трендови и предвидувајќи ги потребите на обложувалниците и операторите. BtoBet е вистински технолошки партнер, нудејќи самостојна платформа и услуги за iGaming индустријата и спортско обложување. Смета на многу талентиран, континуирано обучен тим за развој и секојдневна поддршка за управување со клиентите. BtoBet им овозможува на корисниците на лиценцата да бидат единствени на пазарот, пружајќи им можност целосно да ги персонализираат своите понуди за спортско обложување и iGamingбизнисот, мобилни мрежи и малопродажба. Посетете ја нашата веб-страница на: www.btobet.com