Стартап Македонија ја започнува програмата Corporate Innovation Collaborators за зголемување на соработката меѓу стартапите и корпоративниот сектор. Во пресрет на 5 годишнината од постоењето на Стартап Македонија, пет корпоративни компании NLB, Oracle, Telecom, PWC и M6 потпишаа договор за корпоративно партнерство со Стартап Македонија кои ќе нудат специјални услуги за стартапите во нашата земја.
Зошто е потребна оваа програма?
Според последното истражување кое Стартап Македонија го направи заедно со Фондот за иновации технолошки развој – ФИТР во Макeдoнија, потребна ни е поголема вклученост од корпорациите во целиот екосистем. Целта на оваа програма е да се мотивираат големите корпорации активно да се вклучат во развојот на македонскиот стартап екосистем.
За разлика од претходните години, моментално соработката помеѓу екосистем и корпорациите е значително подобрена, но сепак недостасува суштински дел. Бенефит од оваа програма ќе имаат и стартапите и корпорациите. Корпорациите oд една страна можат да придонесат со know-how за бизнис и деловно работење, поголема мрежа на контакти и со внесување на капитал во екосистемот со што ќе го подобрат своето позиционирање на пазарот. Од друга страна стартапите можат за возврат да придонесат со своето знаење за иновација и брз раст.
Што добиваат корпорациите?
Во оваа програмата секоја корпорација има простор за различна соработка со стартап компаниите како менторство и споделување на искуства од своите вработените стартапите, креирање на бенефицирани понуди и услуги согласно потребите на стартап компаниите, пристап до платформата на Стартап Македонија и листата на стартапи во Македонија, организирање на настани и вебинари за поддршка на стартапите, пристап до пазарот и олеснето финансирање, комерцијализација на иновативни продукти.
Како да станете дел од програмата?
Корпорациите кои се заинтересирани да се приклучат и да станат дел од програмата Corporate Innovation Collaborators во соработка со Стартап Македонија можат да добијат повеќе информации со испраќање електронска пошта на [email protected] .
Поврзани артикли