Xiaomi на 15. септември ќе претстави нови производи на онлајн настан. Самиот настан ќе биде пренесуван во живо на официјалните профили на Xiaomi на Twiiter, YouTube и Facebook.
Xiaomi официјално не објави што ќе биде објавено за време на претстојниот настан. Од компанијата истакнуваат дека во следниот период можеме да очекуваме повеќе информации .
Во претходниот период се појавија информации за Mi 11T серијата, која наводно е во подготовка и ќе понуди 120W полнење за Pro моделот.
Покрај тоа, Твитер налогот на Xiaomi во Индија најави ново додаток на Redmi 10 серијата, а се споменува и нов паметен телевизор, која би можел да го носи името Mi TV 5X.
Поврзани артикли