Благодарение на извештајот за резултатите на претпродажбата, имаме добра идеја за тоа колкава популарност умаат најновите телефони на Samsung тоа колкава популарност имаат најновите уреди со флексибилен екран. Резултатите се однесуваат на пазарот на Јужна Кореја.
Според наводите, The Korea Herald, Galaxy Z Fold3 и Z Flip3 заедно бележат претпродажба од 450.000 примероци. Ова е одличен резултат, посебно ако знаеме дека се работи за скапи смартфони, како и дека минатогодишниот Galaxy Z Fold2 имаше вкупно 80.000 преднарачки.
Изворите сугерираат дека претпродажбата би можела да забележи дури 800.000 нарачани Galaxy Z Fold3 и Galaxy Z Flip3 телефони.