Во вселената, јавувањата на голама оддалеченост бараат многу време, а астрономите од Универзитетот Харвард тврдат дека нашите пораки до вонземјаните би можеле да патуваат дури 3.000 години.
Радио сигналите и сите електромагнетни бранови патуваат со брзина на светлината, но, незамисливите растојанија, што ја делат Земјата од потенцијално населените вонземјански светови, значат дека дури и најоптимистичките ентузијасти се сомневаат дека вонземјаните би можеле да бидат мртви, кога ќе стигнат нашите пораки до нив.
Астрономите Абрахам Леб и Амир Сирај посветија многу време на ова прашање и направија пресметки врз основа на Коперниковиот принцип, кој вели дека Земјата „не мирува“ во привилегирана или посебна физичка положба во вселената и дека не е стационарна.
Во науката, ова значи дека не треба да се претпоставува дека луѓето имаат фундаментално привилегирана позиција во вселената.
Со сигурност може да се претпостави дека вонземјаните нашите радио сигнали ќе ги видат како технолошки маркери и активно ќе ги слушаат.
Првиот радио пренос на Земјата се случи во 1901 година, кога италијанскиот пронаоѓач Гулјелмо Маркони го направи првиот трансатлантски пренос од Корнвол во Англија до Сент Џонс во Њу Фаундленд. Оттогаш, луѓето праќаа радио сигнали во вселената без да размислуваат за последиците.
Ова значи дека ако постои цивилизација на растојание од 100 светлосни години од Земјата со чувствителни радиотелескопи, постои можност таа веќе да не слушнала и дека веќе сме „започнале разговор“ со интелигентни видови чиј одговор се уште го чекаме.
Вонземјаните би можеле да одлучат детално да ја истражат нашата планета пред да испратат одговор.
Извор: Klix.ba
Поврзани артикли