Стар примерок од видеоиграта Super Mario Bros е продаден за два милиони долари со што компанијата Reli постави нов рекорд за најскапо продадена видеоигра на сите времиња.
Играта е направена за оригиналната Nintendo конзола во 1985 година и никогаш не била отворена, што е реткост за стари видеоигри.
Примерокот го купил анонимен купувач.
Еден од основачите на Reli, Роб Петрозо вели дека во задните години порасна интересот за колекционерство на стари видеоигри, па така „Super Mario 64“ од 1996 година беше продадена за 1,5 6 милиони долари, а играта „The Legend of Zelda“ од 1987 беше продадена за 870.000 долари.
Reli ја купи Super Mario Bros. за 140 долари во април 2020 година, а инвеститорите минатата година одбија една понуда за таа игра од 300.000 долари.
Поврзани артикли