Motorola минатата година се врати на пазарот на смартфони со моделот Edge Plus, а сега претставија нов уред со солидни перформанси.
Новиот Edge не е флегшип, но не спаѓа ниту во групата на уреди од среден ранг. Смартфонот доаѓа со 8 GB RAM и 256 GB интерна меморија, а го движи Qualcomm Snapdragon 778G процесор. Смартфонот има екран од 6,8-инчи со фреквенција на освежување од 144 Hz.
На задната страна е главната камера од 108 MP која користи pixel-binning технологија за подобри фотографии. Тука е и ултрашироката камера од 8 MP и сензор за длабочина од 2 MP. Напред е сместена селфи камерата од 32 MP којашто исто така користи pixel-binning технологија.
Уредот го напојува батерија од 5.000 mAh, а користи Android 11 со My UX интерфејс. Исто така, поддржува безжично полнење и поседува IP52 сертификат за отпорност на вода, кој е поинфериорен во однос на IP67 и IP68 стандардите.
Пред-нарачките почнуваат од 23 август, а продажбата почнува на 2. септември по цена од 700 долари.
Извор: Klix.ba