Шпанското студио Ruma Design го претстави концептот на футуристички електричен катамаран на водород.
Катамаранот наречен Migma е дизајниран да плови по светот на одржлив начин и се карактеризира со минималистички и напреден изглед.
Овој концепт ги крши правилата за дизајн на јахти и може да ја разбранува индустријата. Опремен е со резервоар за течен водород, литиум-јонски батерии, горивни ќелии ПЕМ и два електрични мотори кои овозможуваат навигација без емисија на гасови.
Катамаранот може многу долго да патува без да создава бучава, загадување, гасови и вибрации.
Со должина од 55 метри, нуди доволно простор за деловна и рекреативна употреба. Неговиот ентериер може да се прилагоди и користи за деловни состаноци, но и како централен салон за две семејства. Катамаранот има и простории за екипажот, односно персоналот, и можно е да се направат дополнителни кабини.
Широкото предно електрохроматско „паметно“ стакло нуди поглед кон океанот, а секоја соба е дизајнирана да обезбеди панорамски поглед. Ова максимално ја користи природната светлина. Кога сакате приватност, опцијата за затемнување на стаклото е достапна со притискање на копче.
Дел од катамаранот е и надворешен базен со платформа, а елегантниот надворешен дизајн ѝ дава на Migma футуристички изглед.
Извор: Klix.ba