Станува збор за проект наречен Apricot, кој вклучува поставување подводен кабел. Оваа мрежа треба да работи до 2024 година, а нејзината задача е да ја подобри и врската помеѓу Азија и Северна Америка.
Покрај споменатите компании, во проектот учествуваат и некои други регионални играчи. Кабелот долг 12.000 километри ќе ги поврзе Јапонија, Тајван, Гуам, Филипини, Индонезија и Сингапур, додека во исто време ќе има конфигурација што нуди флексибилност. Кабелот ќе поддржува брзина на пренос на податоци поголема од 190 терабајти во секунда.
Претходно годинава Facebook го објави вториот проект за подводни кабли составен од два транспацифички кабли, познати како Echo и Bifrost, кој ќе ги поврзе Сингапур и Северна Америка и ќе го зголеми сообраќајниот капацитет за 70% на оваа рута. Заедно, овие кабли ќе ја задоволат зголемената побарувачка за широкопојасен интернет, 4G и 5G услуги во Азија. Facebook соработува со Google за Echo кабелот, но не и за Bifrost.
Првиот подводен кабел беше поставен во 1858 година за испраќање телеграфски пораки, а проектот бараше поддршка од американската и британската влада. Меѓутоа, во последниве години приватните компании се оние кои се бават со вакви проекти.
Google има мрежа од 18 подводни кабли кои овозможуваат пристап до cloud услугите на компанијата од каде било во светот.
Facebook неодамна најави уште еден подводен кабел со кој ќе се подобри конективноста во Африка.
По проблемите предизвикани од пандемијата на коронавирус, проектите за подводни кабли се забрзани, со 80% финансирани од Google и Facebook.
Околу 98% од глобалниот интернет сообраќај се пренасочува преку подводни кабли, а колку е поголема онлајн активноста, толку е поголема потребата за побрз и постабилен интернет.
Извор: Klix.ba