Според информатичкото списание Android Authority, вкупниот број апликации за Android во продавницата на Google Play сега е најнизок од 2018 година. Меѓутоа, ако се прашувате зошто Google брише толку многу апликации од Play Store, има добра причина за тоа.
Во првата половина од оваа година, речиси 115.000 апликации за Android беа отстранети од продавницата на Google Play. Големиот скок во бројот на отстранети апликации за Android дојде откако беа применети новите правила за овогодинешната Play Store, наменети за потиснување на апликации кои имаат погрешно име или слика.
Статистичките податоци што откриваат колку апликации ги прекршиле упатствата на Play Store беа посочени од SafeBettingSites. Компанијата соопшти дека користела статистика од App Annie, AppBrain, Statist и самиот Google за да открие точно за кој број станува збор.
Во онлајн објава, SafeBettingSites рече дека сето ова е дел од контролата на квалитетот во продавницата на Google Play. Веб-страницата наведува: „Со текот на годините, бројот на достапни апликации во продавницата на Google Play експлодира. Во јули 2014 година, Android корисниците можеа да изберат од 1,3 милиони апликации. До март 2018 година, овој број се зголеми речиси трипати и достигна рекордна вредност од 3,6 милиони. По значителниот пад на 2,8 милиони во следните шест месеци, бројот на апликации продолжи да расте и повторно надмина 3 милиони до септември 2020 година.
„Меѓутоа, за да се обезбеди квалитетот и сигурноста на апликациите на својот пазар на апликации, Google објави серија упатства за регулирање на развивачите на апликации. Како резултат на тоа, Google повремено отстранува илјадници апликации со слаб квалитет кои ги прекршуваат упатствата.“
Според новите правила на Google Play Store, насловите на апликациите мора да бидат ограничени на 30 знаци, а насловите не можат да се „разубавуваат“ со понуда на промотивни приговори. Емотиконите и непотребните големи букви исто така се забранети. Google рече дека апликациите што не се во согласност со овие правила нема да бидат дозволени во Play Store.
Извор: B92.net