Астероидот Бену којшто претставува закана за планетата Земја и натаму има многу мала шанса да ја погоди планетата во наредниот век, соопштиле од NASA.

„Не треба да бидеме загрижени премногу“, изјавил Дејвид Фарноки, научник од центарот на NASA во градот Пасадени во Калифорнија, пренесува „AP“.

„Шансите Земјата да биде погодена од астероид се зголемиле од 2700/1 на 1.750/1, но научниците сега имаат многу подобар увид за прашањето на астероидот Бен благодарение на модулот Озирис-Рекс“, додал Фарноки.

„Генерално мислам дека ситуацијата се подобрила“, изјавил Фарноки.

Модулот се враќа кон Земјата по долго собирање на делови од големиот астероид кој се смета за еден од двата најопасни во Сончевиот систем.

Делови од астероидот ќе бидат на Земјата во 2023 година, а Озирис-Рекс пристигнал на астероидот Бен во 2018 година.

Бен ќе има блиска средба со Земјата во 2.135 година кога ќе помине на оддалеченост која е дупло помала од оддалеченоста на Месечината.

„Доколку Бену би удрил во Земјата не би го уништил животот на планетата, но би создал кратер кој е 10 до 20 пати поголем од астероидот“, изјавил Линдли Џонсон, експерт за планетарна одбрана во NASA.

„Разореното подрачје би било многу поголемо – 100 пати од самиот кратер“, заклучиле научнциите од NASA.