Компанијата Xiaomi го претстави својот нов смартфон Mix 4.
Ова е првиот смартфон од Mi Mix серијата кој пристигна по скоро три години. Моделите Mix се претпознатливи по дизајнот и екранот без рабови, а Mix 4 ja продолжува оваа традиција. Селфи камерата е поставена под екранот.
Во Xiaomi ова го нарекуваат CUP(Camera Under Panel) технологија, станува збор за сензор од 20 MP, а Mi Mix 4 доби 6,67-инчен заоблен OLED екран со резолуција од 1080 пиксели и фреквенција на освежување од 120 Hz.
Главната камера има 108 MP, ултрашироката камера има 13, а перископската телефото камера има 8 MP со 5х зумирање.
Го напојува батерија од 4.500 mAh која поддржува 120W и 50W безжично полнење. Се полни за само 15 минути со полнач, а за 28 минути со безжично полнење.
Mix 4 го доби новиот Qualcomm Snapdragon 888 Plus процесор и 8/12 GB RAM и 128/256/512 GB интерна меморија.
Засега ќе се продава само во Кина, а продажбата почнува на 16 август. Моделот со 8 GB RAM и 128 GB интерна меморија ќе чини 770 долари, а моделот со 12 GB RAM и 512 GB интерна меморија ќе чини 970 долари.
Извор: Klix.ba
Поврзани артикли